Archive Page 3
Сакам накратко да ја коментирам моронската законска регулатива која стапи на сила од 1 јан 2008 година, во која Р.М. воведува визи за странските граѓани.
Регулативата наводно се затскрива зад завесата „усогласување на регулативи како земја кандидат на ЕУ“, ова се приказни за мали деца, Бугарија воведе визи за Р.М. дента кога стана членка, а не 5 години порано. Значи ова не важи.
Второ очигледно најпогодени се албанските граѓани, бидеќји и македонските граѓани се погодени од шенгенскиот бедем, можам да кажам дека ги разбирам и се солидаризирам со нив потполно.
И последно, откако малку се подолабави шенгенската железна завеса, вака ли покажуваме солидарност со останатите, наместо да се залагаме за укинување на визите, ние како земја воведуваме рестритивни политики и шенгенски услови за они земји кои не се дел од шенген системот. Срамота!
Неодамна за првпат успеав да ја пробијам шенгенската бариера, и патував во западна Европа, на секого му кажував колку нам ни е тешко да одиме таму, дека има мал милион процедури и закачки, а згора на тоа 35 еур глоба, луѓето не беа запознаени со тоа, но во секој случај негодуваа и велеа дека тоа не е во ред.
Со одлуката на мојата влада јас се срамам што сум жител на оваа земја, која им го прави на странските граѓани, она што не сака да и го прават другите земји на нејзините граѓани. Тоа е тотално општествено неодговорно и крајно дволично однесување на една земја која треба да биде на крстопатот на југоисточна европа, а не да се стреми да се затвори и живее во изолација.
Идиотска регулатива која треба да се укине уште утре, за доброто на сите!
Напред, со полна пареа!
Ова е мотото на годинешниов 24ц3, 24 Chaos Communication Congress ![]()
Информации од случувањата и искуствата на македонскиот
тим, како и секогаш ќе има на СподелиЗнаење.
Флешував OLPC
Вечерва во супер тајното хакерско дувло на Миша, се одвиваше операцијата за надградба на малечките зелени лаптопи.
Еден од лаптопите беше тој што го донесе Уфо од серијата B2, другиот од серијата B4 го Новица го позајми од УНДП за да се обидеме да го надградиме.
По следење на информациите на викито, подготвив USB стик со Firmware Q2C26, додека buld-от остана 542, по 5-6 минути неколку рестарти, вадење на батеријата успешно заврши процесот на надградба.
Дамјан и Миша ги средија кирилицата и преводите на апликациите, и сега лаптопот е скоро тип-топ.
Мој следен предизвик е инсталација на многу позрелиот Ship.2 Q2D07, build 650 за да ја погледнеме комплетната функционалност на лаптопите.
До тогаш се гледам вечерва во точка од 20ч, каде ќе има презентација на OLPC.
Сега можам да го употребувам…
Google reader.

Конечно ја имплементирале killer опцијата што мене ептен ми недостасуваше, и откако два три пати увезов поголем број на рсс канали ми стана практично неупотреблив, зошто немав никаква опција за средување. Но тоа не е повеќе така.
Изворно можете за се информирате подетално кај нив.
Ајде
Оди си, го дозапусти Градот!


