United we stand, divided we fall

KDE vs. GnomeGNOME е подобра десктоп околина бидејќи е слободна од било која друга propriety десктоп околина како MacOS X или Windows.

Ривалитетот помеѓу Gnome или Kde или Xfce и многу други постои поради потребата за техничко совршенство, и желбата за нивно унапредување и прилагодување, оттука идејата овие околини да се развиваат како слободен софтвер, за да можат оние корисници на кои не им одговара едната или другата десктоп околина да имаат право на избор да ја користат онаа околина која им одговара на нивните потреби и соодветните технички вештини кои ги поседуваат.

Право на избор што корисниците на MacOS X или Windows никогаш не им било понудено ниту инхерентно постои како техничка или можеби уште поважно, како правна можност според EULA-ите на респективните оперативни системи поради недостапноста на изворниот код, технички предуслов за било каква интервенција од страна на корисникот во основните функционалности и напредните можности кои сакаат да ги променат.

Ете тоа се вистиски хакери или geek-ови и оттука тој ривалитет, кој се реализира преку квалитативно и квантитативно подобрување на функционалностите и изгледот на соодветните десктоп околини во секоја наредна верзија, со тоа се зајакнува еко системот на развивачите на слободен софтвер, корисниците и целиот еко систем на напредни ИКТ решенија базирани на слободен софтвер.

Најпосле самиот факт дека изворниот код е достапен на увид на јавноста благодарение на GNU GPL и останатите лиценци на слободен софтвер, што може да се симне и проучи, а потоа и промени преставува и своевидно преиспитување на авторитетот на авторите, дизајнерите и програмерите. Врв на тоа неприфаќање е самата промена која може да се направи од скоро секого кој ги поседува техничките можности, а го претсавува стремежот кон совршенството на секоја индивидуа да го крои софтверот според своите потреби, навики и знаења и тие промени да ги сподели со целиот свет преку Интернет, користејќи сервиси за размена на изворен код и колаборативно програмирање.

Авторот е корисник на KDE и е воодушевен од неговите опции, изглед и напредни технологии, сепак ја цени и почитува заедницата на корисници на GNOME десктоп околината.

One thought on “United we stand, divided we fall”

Comments are closed.