Флешував OLPC
Вечерва во супер тајното хакерско дувло на Миша, се одвиваше операцијата за надградба на малечките зелени лаптопи.
Еден од лаптопите беше тој што го донесе Уфо од серијата B2, другиот од серијата B4 го Новица го позајми од УНДП за да се обидеме да го надградиме.
По следење на информациите на викито, подготвив USB стик со Firmware Q2C26, додека buld-от остана 542, по 5-6 минути неколку рестарти, вадење на батеријата успешно заврши процесот на надградба.
Дамјан и Миша ги средија кирилицата и преводите на апликациите, и сега лаптопот е скоро тип-топ.
Мој следен предизвик е инсталација на многу позрелиот Ship.2 Q2D07, build 650 за да ја погледнеме комплетната функционалност на лаптопите.
До тогаш се гледам вечерва во точка од 20ч, каде ќе има презентација на OLPC.



One Response to “Флешував OLPC”