Оперирани од вкус
30Sep07
Ај некако да разберам дека ги менуваме личните документи и воведуваме попрактично решение во форма на кредитна картичка кое е подолготрајно на физички оштетувања од хартијата која досега ја користевме.
Само никако неможам да разберам како е можно покрај толку Академии за дизајн, Факултети за ликовна уметност и архитектура и голем број на уметници, Министерството за внатрешни работи да не распише конкурс за дизајнот на новите лични документи?!?
Разбирам дека треба да има заштитни шари и гравури ама сепак тоа не ги ослободува од одговорноста да ги направат најгрдите лични документи до сега.


