Почитувани граѓани, драги пријатели,
Зад нас се тешки четири години откако го потпишаа договорот со Мајкрософт.

Се обидуваа да не замолчат, се обидуваа да не уплашат, се обидуваа да не поделат, да не растурат; се обидуваа да ни ја убијат надежта, волјата, храброста.

Се обидуваа и не успеаа.

Ги издржавме сите тие битки; имаме многу рани, многу лузни, меѓутоа денес одиме по улица со кренато чело, чист образ, со цврста волја. Пред нас е најзначајната битка; Битка да се биде или не. Сите заедно ќе тргнеме кон 15-ти септември, кон новиот почеток. Македонија, нашиот народ, вие почитувани граѓани заслужувате подобра иднина, заслужувате софтверска слобода, а наша заедничка обврска е тоа да го направиме. Затоа, Драги пријатели, јас не се надевам, јас знам што ќе се случи на 15-ти септември.

На 15-ти септември народот ќе ја земе судбината во свои раце, На 15-ти септември, сите ќе ја видиме големата народна сила и волја. На 15-ти септември овој народ ќе ја види и искуси слободата на софтверот! На 15-ти септември вие ќе ја имата вашата дигитална иднина! Од 15-ти септември вие ќе бидете слободни!

P.S. Текстов погоре ми го најде Новица, некаде на интернет, итегрално е земе од говорот на сега претседателот Б.Ц., тогаш лидер на опозицијата и кандидат за премиер на изборите 2002 година. Не сум сигурен дека е негово авторско дело, мислам дека го испиратирав :) . Нејсе. Тоа беше еден од моите придонеси за сфд 2007. :)


5 Responses to “На 15-ти септември…”  

  1. 1 zeroSignal

    Wow.. Just.. Wow..

  2. 2 GoodBytes

    “Не сум сигурен дека е негово авторско дело, мислам дека го испиратирав”

    Пародија не е повреда на авторски права. Тоа е fair use. :-)

  3. 3 Игор

    Ако навелеземе во категоријата fair use тука веќе арбитрира суд. :)

    А ако одиме на суд Б.Ц. знаеш дека секад добива ;)

  1. 1 Скара, пиво, линукс #2 | Архива на блогот | Life as usual…
  2. 2 Падот на Гвадалкивир

View Igor Stamatovski's profile on LinkedIn

Што твитам

    Што читам