Вода стои, македонската влада не стои.
Вчера 25 август 2007 година ја донела долгочекуваната мерка за намалување на ДДВ за компјутерска опрема од 18% на 5%, по укинување на царината за компјутерски делови.
Тактички добро одиграно.
Намалување на ДДВ за земјоделците, нема ефекти. Наламување на ДДВ за ИТ опрема, неможат да се побунат земјоделците, се очекуваат големи ефекти. Бидејќи јас колку што сум запознаен секогаш кога се барало намалување на ДДВ за компјутерска опрема коментарот од надлежните бил, а што ако се побунат земјоделците?. Одлично.
Ова би требало да значи поефтини компјутери и компјутерски делови за 13% во Македонија, или уште подобро ако некој ви го носи од странство нема потреба од малтретирање на аеродром, ќе си го пријави фино лепо латопот ќе плати ДДВ од 5% и пак ќе ви излезе поефтино отколку да го купувате во Македонија. Ем сте си купиле поефтин лаптоп, ем сте платиле легално данок.
Дури купувањето на компјутери преку ebay ќе може конечно да заживее со само 5% данок.



Денес бев да порачувам нова макина за мене. Ми кажаа да почекам уште малку за Собранието да го изгласа соодветниот закон. Најверојатно ќе се работи за формалност, барем од аспект на тоа колкава прашина би се кренала за едно прашање околу кое (наводно) сите се согласуваат (намален данок за компјутери).
Според проценките на луѓето блиски на Собранието, оваа мерка ќе почне да важи некаде од крај на септември до средина на октомври. Не знам само дали ги зеле во обзир тие купиштата хартии кои ДУИ ги посла покрај ѕидот во Собранието.