Сенко и пиратите од Пелагонија
Во понеделникот 02 јули 2007 на летната сцена на МНТ, Фолтин одржаа прекрасен концерт. Во малку поинтимна атмосфера поради не толку големата сцена, направија вистинска атмосфера и изедоа навистина добар концерт.
Најважно од се, публиката искрено се забавуваше и танцуваше на „нивната“ музика. И тогаш ми текна, откровение, веројатно поттикнат од Good Copy, Bad Copy дека Фолтин се пирати, да точно е пирати!
Во очите на музичката индустрија се пирати од најлош можен вид, имаат ремикси на Britney Spears -Toxic, Salt’n'Pepa- Push it, Janis Joplin -Mercedes Benz, мислам дека не пропуштив ништо.
Но во очите и ушите на публиката тие се креативни, прекрасни, иновативни и свежи, им дале нов дух на песните ги разубавеле, осовремениле, на луѓето им се поинкави и ги сакаат. И мене многу ми се допадна ремиксот на Бритни.
И тогаш кулминација на вечерта, после несмасните изјави како претставник на министерството за култура советник на премиерот за култура, за регулација на авторското право и санкции за прекршувачите на законот, на сцена се качува никој друг, туку господинот Сенко Велинов. Го поканија да испее некоја песна со луѓето за кои велеше дека најостро требале да се санкционираат. Каква иронија, каков сеир. Сенко и пиратите од Пелагонија ![]()
![]()
Ете како регулацијата може да ја загуши креативноста, и да ја стави во пранги, всушност да бевме држава во која се почитува законот, најверојатно единицата за специјални намени ќе го растуреше концертот, изведувачите ќе завршеа во затвор, со сериозни парични казни. Ова сеуште може да се случи според важечкиот закон за авторски права.
Еве ги Фолтин на бис по прекрасниот концерт. Напред за креативноста, напред за пиратите! ![]()
![]()



Фолтин…
…да, Битола.
Треба битолчани да лобираат таму Фолтин да ги издаде овие песни под CC. Таман, на spodeli.org.
Мислам дека дискусијата ви е утната.
Сенко не е претставник на Министерство за култура туку советник на Премиерот за култура.
Toa ни фалеше, уште еден регулатор
.
И да е советник на премиерот за култура, ставовите кои ги искажа беа истите.
Фолтин се цареви.
I second that!