Цел викенд без терминал
Во петокот конечно го добив мојот прв преносен компјутер, за жал дојде со преинсталиран winxphome, и еден куп „легален“ виндоус софтвер за кој немам никаква потреба.
Бидејќи немав KDE базирана дистрибуција дома, а сакав да видам што може да прави малово, бутирав Фејсти 7.04. удрив еден рисајз на партицијата и го оставив виндоусот со 10гб, уште некое време додека не се решам да го отстранам целосно.
Убунтуто се инсталираше без ама никакви проблеми ме праша неколку културни прашања, на кои јас културно му одговорив со кликања и почна да си се инсталира. Кога заврши ме праша дали ќе му дозволам да се ребутира, јас му дозволив и на следниот момент веќе работев на ГНУ/Линукс Гном базирана дистрибуција. Морам да кажам не сум некој голем фан на гномот, и од етички причини тука и ќе застанам.
Она што ме изненади е дека едноставно, се функционира според желбите на корисникот, хардверот е комплетно препознаен без никакви проблеми, оперативниот систем е функционален и не те малтретира со секакви глупости и не ти го рестартира компјутерот после секоја надградба без твоја дозвола (читај виндоус).
Десктоп ефектс, авахи и слични најмодерни технологии функционираат оут оф тхе бокс, automatix2 e закон едноставно ubuntu e вистинскиот избор за секој корисник кој сака да има модерен и исто толку моќен и способен оперативен систем, за да може да се концентрира на вистинската активност која ја работи на својот компјутер.
Јас, јас ќе побарам некоја КДЕ базирана дистрибуција, каде ќе можам на F12 отворам yakuake и да поработам малку во конзола..
Еве веќе цел викенд и не сум едитирал ниеден конфиг фајл, ко да почна да ми недостига тоа
.



Па добро бре Стама, биваше да не ставиш фотка од лаптопот. Барем една, да го видиме од поблиску.
Вака, само си го замишљаме.
e tu Stama
Епа ајде аирлија, со здравје да се служиш, па поубав да си купиш догодина
Доста интересен експеримент си направил
Ти КДЕ го имаш у срце, али за проба да видиш дали работи си ставил Убунту. Бравос !!! И како ти се допаѓа ГНОМот? Ако сакаш можам да ти подарам цд Кубунту