Отворен ИКТ екосистем според „Патоказ за Отворени ИКТ екосистеми“, претставува способност на самиот ИКТ екосистем да ја вклучи и одржи интероперабилноста, развојот базиран на соработка и транспарентноста. Уште малку дефиниција, според тоа ако ги наведеме како водечки принципи на еден отворен ИКТ екосистем дека:
Отворениот ИКТ екосистем треба да биде:
- Интероперабилен
- Центарот да биде корисникот
- Колаборативен
- Одржлив
- Флексибилен
Интероперабилноста е добро дефинирана на македонската википедија. Мејнстрим медиумите во Македонија еднострано ја покриваат приказната за интероперабилноста. И тоа за жал добиваат информации од погрешната страна. Уште полошо добиваат погршни информации и оксиморони како „коопетиција“. Јасно и гласно не постои таков термин, политика или начин на соработка од таа софтверска компанија, уште помалку постои зборот „коопетиција“. Ако сакате да видите што постои, Пробајте ЕЕЕ.
Интероперабилноста воопшто не е апстрактен термин, за да се постигне интеропреабилност помеѓу информациските системи во еден отворен ИКТ екосистем, треба да се исполнети следниве предуслови:
- Примена на отворени стандарди
- Примена на слободен софтвер
- Ориентација кон услуги
- Примена на отворени формати за документи
Имплементацијата на овие предуслови претпочита отворање на ИКТ екосистемот на државните администрации, големите мултинационални корпорации, малите и средни претпријатија, општините и едниниците на локалната самоуправа, со тоа сите тие добиваат на ефикасност, иновација и раст. А раст е она што нам во моментов ни е повеќе од потребен. Расфрлање со значењето на самиот поим интероперабилност и несфаќањето дека тоа претставува само еден неделив дел од целата слика и само прв чекор кон целосно отворање на ИКТ екосистемот е несериозно, површно и претставува фрлање прав во очите на јавноста.
Имплементирање на неслободен софтвер по дефиниција ја оневозможува интероперабиленоста, имплментирање на стандард поинаков од ISO/IEC 26300:2006, како Office Open XML имплемнетиран само од еден производител од софтвер драстично ја намалува интероперабилноста. Од друга страна ISO/IEC 26300:2006 OpenDocument формат е поддржан од повеќе од 4 пакети или апликации за канцелариско работење, кои функционираат на повеќе од 3 софтверски платформи вклучувајќи ги тука (Gnu/Linux, Mac Os X, MS Windwos и Solaris).
Потребата за ефикасност, иновација и раст треба да се осознае, да се почувствува, да се вгради во политика, во наредниот бизнис план и да се почне со отворање на ИКТ екосистемот.
За анализа на отвореноста на ИКТ еко системот „Патоказот..“ ни го предлага Openness Maturity моделот, каде нивоата на отвореност се слендиве
- 0 Ниво: Претежно затворен
- 1 Ниво: Ад хок
- 2 Ниво: Свесен за отвореноста
- 3 Ниво: Дефиниран и во развој
- 4 Ниво: Менаџирана отвореност
- 5 Ниво: Мерлив и одржлив


