Никогаш не сум се обидувал да подржувам конформисти и луѓе кои се подведувале под нечии правила, норми и влијанија, но секогаш сум се обидувал да не ја преминам фината граница.

Фината граница се наоѓа помеѓу неконформизмот и чистиот невкус, непочитување на нормите, правилата и воопшто непочитување на оној наспроти тебе, во овој случај граѓанинот.

Е сега погледнете ја сликата на министерот без ресор Веле Самак, најверојатно иден министер за информатичко општество , на официјалната страница на Владата на Република Македонија.

Кога одев во градинка мојата воспитувачка го користеше терминот „распашана команда“, кога ја погледнав биографијата и сликата на страницата некако тој опис беше првиот што ми дојде како асоцијација.

Следиот премиер, министер или претседател треба да се слика во долна облека или во пижами и тоа да се објави на некоја од официјалните странцици на секоја од овие институции?

Owned. Big time.


2 Responses to “Неподнослива лежерност на владеењето”  

  1. 1 kotle

    Можеби нема одело човекот. Јас на пример, немам. :-)

  2. 2 Igor

    Добро, па не си и министер. ;-)


View Igor Stamatovski's profile on LinkedIn

Што твитам

    Што читам