United we stand, divided we fall

KDE vs. GnomeGNOME е подобра десктоп околина бидејќи е слободна од било која друга propriety десктоп околина како MacOS X или Windows.

Ривалитетот помеѓу Gnome или Kde или Xfce и многу други постои поради потребата за техничко совршенство, и желбата за нивно унапредување и прилагодување, оттука идејата овие околини да се развиваат како слободен софтвер, за да можат оние корисници на кои не им одговара едната или другата десктоп околина да имаат право на избор да ја користат онаа околина која им одговара на нивните потреби и соодветните технички вештини кои ги поседуваат.

Право на избор што корисниците на MacOS X или Windows никогаш не им било понудено ниту инхерентно постои како техничка или можеби уште поважно, како правна можност според EULA-ите на респективните оперативни системи поради недостапноста на изворниот код, технички предуслов за било каква интервенција од страна на корисникот во основните функционалности и напредните можности кои сакаат да ги променат.

Ете тоа се вистиски хакери или geek-ови и оттука тој ривалитет, кој се реализира преку квалитативно и квантитативно подобрување на функционалностите и изгледот на соодветните десктоп околини во секоја наредна верзија, со тоа се зајакнува еко системот на развивачите на слободен софтвер, корисниците и целиот еко систем на напредни ИКТ решенија базирани на слободен софтвер.

Најпосле самиот факт дека изворниот код е достапен на увид на јавноста благодарение на GNU GPL и останатите лиценци на слободен софтвер, што може да се симне и проучи, а потоа и промени преставува и своевидно преиспитување на авторитетот на авторите, дизајнерите и програмерите. Врв на тоа неприфаќање е самата промена која може да се направи од скоро секого кој ги поседува техничките можности, а го претсавува стремежот кон совршенството на секоја индивидуа да го крои софтверот според своите потреби, навики и знаења и тие промени да ги сподели со целиот свет преку Интернет, користејќи сервиси за размена на изворен код и колаборативно програмирање.

Авторот е корисник на KDE и е воодушевен од неговите опции, изглед и напредни технологии, сепак ја цени и почитува заедницата на корисници на GNOME десктоп околината.

Приклучок за GIMP UFRaw

Сакајќи да манипулирам со слики во RAW формат користејќи го мојот омилен уредувач
на слики GIMP пробав да најдам приклучок што може да го прави токму тоа.

обработка на слики од мктвитап со gimp ufraw
обработка на слики од мктвитап со gimp ufraw

UFRaw изгледа е претпочитуваниот избор на заљубениците во фотографијата кои користат GIMP за нејзино уредување. Можете да го најдете на следнава интернет страница http://ufraw.sourceforge.net/Install.html и да го изберете во верзијата кој ви одговара на вашиот вкус. Мене ми го посочиdimitarc/ на вчерашната твитап средба во КИКА.

Шаблон: Услуги за корисници 1

Пред неколку месеци забележав дека батеријата на мобилниот телефон Моторола V3i, модел BR50 почнува премногу бргу да се прaзни притоа оставајќи ме без средство за комуникација скоро секој втор ден.

Ми текна дека пред две години го купив телефонот од „Германос“ па си викам ајде да си ја пробам среќата таму, приспомнувајќи си дека имаа некои апарати за мерење на капацитетот на батеријата.
Motorola V3i
Денес одам во „Германос“ на рекорд ме пречекува еден од вработените, му поставувам прашање за мојот проблем, а тој тотално неодреден, немаме моментално батерии. Поставив уште неколку прашања, дали сте имале некогаш и дали ќе добиете, и дали вие можете да ми дадете одговор на овие прашања. На ниедно не добив одговор, излегов со здраво но без благодарам.

Следна продавница „Германос“ ГТЦ, љубезна продавачка, неразговорливо нешто ми објаснува за апаратот за тестирање на батерии, се обидува да ми предочи дека им било јавено дека ќе добијат таков апарат, можеби некогаш имале, но не беше сигурна кога, а ниту пак дали пак ќе имаат. Страницава вели дека имаат но нејсе, изгледа продажбата на Космофон, ќе има реперкусии и врз квалитетот на услугата, иднината и развојот и на самиот „Германос“.

Во слободен муабет ме прашува колку време ми држи батеријата, јас и одговарам па што знам едвај ден, ден и пол, и тогаш зрак светлина од молскавичниот ум на вработената, „Па изгледа многу збориш на телефонот?!“…

Јас останав без зборови и си излегов со едно благодарам, барем за љубезноста.

Поентата на мобилните оператори нивните корисници што повеќе да зборуваат на своите мобилни телефони. Logo Germanos Telekom S.A. Skopje, MacedoniaТака ќе носат поголем приход за компанијата која е нивен обезбедувач на телекомуникациски услуги. Кога цената на услугите е висока и со овој обем на сообраќај компаниите едноставно го добиваат својот дебел профит и не размислуваат како да им овозможат на своите корисници да зборуваат повеќе на своите мобилни телефони.

Во шаблоните за водење бизнис во Македонија, очигледно само последната констатација е потполно точна. Ова ќе треба да се промени. Едноставно нема да биде издржливо и одржливо, состојбите мора да се променат што побргу тоа подобро и за нас како корисници и за нив како компании кои обезбедуваат квалитетни и технолошки напредни услуги за своите корисници.
Одделите за маркетинг и грижа на корисници ќе треба посериозно да се зафат со работа.

П.С. Шаблоните услуги за корисници ќе продолжат..

Честитки за Dell на македонски

Честитки до застапниците на Dell за Македонија, не знам дали заслугата е на Lancom или Макпетрол компјутери во секој случај е за пофалба. А ми се чини дека е единствениот од големите производители чив сајт е достапен на македонски.