Пред неколку месеци забележав дека батеријата на мобилниот телефон Моторола V3i, модел BR50 почнува премногу бргу да се прaзни притоа оставајќи ме без средство за комуникација скоро секој втор ден.

Ми текна дека пред две години го купив телефонот од „Германос“ па си викам ајде да си ја пробам среќата таму, приспомнувајќи си дека имаа некои апарати за мерење на капацитетот на батеријата.
Motorola V3i
Денес одам во „Германос“ на рекорд ме пречекува еден од вработените, му поставувам прашање за мојот проблем, а тој тотално неодреден, немаме моментално батерии. Поставив уште неколку прашања, дали сте имале некогаш и дали ќе добиете, и дали вие можете да ми дадете одговор на овие прашања. На ниедно не добив одговор, излегов со здраво но без благодарам.

Следна продавница „Германос“ ГТЦ, љубезна продавачка, неразговорливо нешто ми објаснува за апаратот за тестирање на батерии, се обидува да ми предочи дека им било јавено дека ќе добијат таков апарат, можеби некогаш имале, но не беше сигурна кога, а ниту пак дали пак ќе имаат. Страницава вели дека имаат но нејсе, изгледа продажбата на Космофон, ќе има реперкусии и врз квалитетот на услугата, иднината и развојот и на самиот „Германос“.

Во слободен муабет ме прашува колку време ми држи батеријата, јас и одговарам па што знам едвај ден, ден и пол, и тогаш зрак светлина од молскавичниот ум на вработената, „Па изгледа многу збориш на телефонот?!“…

Јас останав без зборови и си излегов со едно благодарам, барем за љубезноста.

Поентата на мобилните оператори нивните корисници што повеќе да зборуваат на своите мобилни телефони. Logo Germanos Telekom S.A. Skopje, MacedoniaТака ќе носат поголем приход за компанијата која е нивен обезбедувач на телекомуникациски услуги. Кога цената на услугите е висока и со овој обем на сообраќај компаниите едноставно го добиваат својот дебел профит и не размислуваат како да им овозможат на своите корисници да зборуваат повеќе на своите мобилни телефони.

Во шаблоните за водење бизнис во Македонија, очигледно само последната констатација е потполно точна. Ова ќе треба да се промени. Едноставно нема да биде издржливо и одржливо, состојбите мора да се променат што побргу тоа подобро и за нас како корисници и за нив како компании кои обезбедуваат квалитетни и технолошки напредни услуги за своите корисници.
Одделите за маркетинг и грижа на корисници ќе треба посериозно да се зафат со работа.

П.С. Шаблоните услуги за корисници ќе продолжат..